Поврзете се со нас

Англија

Ливерпул со пенали го скрши отпорот на „фенерџијата“ во Премиер лигата (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:x.com/premierleague

Составот на Ливерпул успеа да слави победа над Саутемптон од 3-1 во средбата од 28. коло во англиската Премиер лига.

„Црвените“ важеа за апсолутно фаворити на соочувањето на „Енфилд Роуд“, но до трите бода стигнаа со пресврт во вториот дел. Домаќините во интервал од три минути го свртија резултатот и тоа од 51 до 54 минута кога Нуњез и Салах од пенал донесоа водство од 2-1.

Во 88 минута беше досуден уште еден удар од 11 метри, сигурен реализатор одново беше Салах за потврда на 21. триумф во шампионатот и предност од плус 16 во однос на второпласираниот Арсенал кој има одиграно два натпревари помалку од четата на Клоп.

ОВДЕ погледнете ги головите.

На другите средби Брајтон го доби Фулам со 2-1, а Кристал Палас тимот на Ипсвич со 1-0 со голот на Сар.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни