Поврзете се со нас

Англија

Ливерпул со комичен автогол направи драма на „Енфилд Роуд“, голем кикс на Челси (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:x.com/premierleague

Фудбалерите на Ливерпул се изборија за 23. победа во 32. натпревар во англиската Премиер лигата со што ја зголемија предноста во однос на второпласираниот Арсенал, односно направија нов исчекор кон обезбедување на титулата.

„Црвените“ одиграа две различни полувремиња и малку недостасуваше да останат без триумф на соочувањето со „чеканите“. Фаворитот го отвори резултатот во 18 минута со голот во режија на Салах и Дијаз, резултат кој беше активен се до самата завршница кога добивме вистинска драма во домот на лидерот.

По она несмасна, невнимателна реакција Ван Дајк и Робертсон ја сместија топката во својот гол во 86 минута. Ова ги разбуди домаќините и тргнаа во нов напад за освојување на целиот плен и по корнерот во 89 минута Вирџил погоди за 2-1. Тука не беше крајот на возбудувањата затоа што Вести Хем не се предаде, па во 94 минута преку Филкруг ја погоди пречката од голот на Ливерпул.

Сега четата на Слот има 13 бода повеќе од Арсенал.

Челси пак направи голем кикс и по вторпат сезонава не го совлада Ипсвич за кого може да се каже и дека е второлигаш. Гостите водеа со 2-0 на „Стемфорд Бриџ“ по првиот дел, фаворитот по одморот експресно се врати со автоголот на Туанзабе за да во 79 минута дојде до 2-2 преку Санчо.

До крајот немаше промени и „сините“ останаа без триумфот кој и тоа како беше потребен во трката за место во ЛШ.

На третата средба „волчците“ го суредија Тотенхем со 4-2.

Standings provided by Sofascore
Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни