Поврзете се со нас

Англија

Ливерпул сепак ќе се засили до крајот на преодниот рок, желба им е фудбалер на Лил

Објавено

на

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп како што стојат работите, сепак, ќе го засили својот тим со стопер во пресрет на вториот дел од сезоната.

Ливерпул се соочува со големи проблеми во креирањето на составот по повредите на Вирџил Ван Дајк, Џо Гомез и Жоел Матип, па во дефанзивната линија често мора да ги употребува Фабињо и Хендерсон кои не се класични стопери.

Младите Вилијамс и Филипс не ги оправдаа доволно очекувањата, па Клоп сега ќе се обиде да купи нов дефанзивец кој колку толку ќе ја пополни дупката која настана со повредите на неколкуте стопери.

Според медиумите во Франција, Ливерпул е заинтересиран за младиот стопер на Лил, Свен Ботман кој игра одлична прва сезона во францускиот клуб.

Ботман во јули 2020 година го засили Лил и веднаш се најде во стартниот тим на клубот кој котира високо на првенствената табела во Франција.

21 годишниот фудбалер во досегашниот дел од сезоната веќе собра 26 настапи со кои ги убеди фудбалските работници дека поседува голем квалитет, па неслучајно до него дојде и повик во сениорската репрезентација на Холандија.

Сега Ботман по само шест месеци би можел да ја промени средината  и да заигра за еден од надјобрите клубови во историјата на фудбалот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни