Поврзете се со нас

Англија

Ливерпул се пофали со „YouTube“ рекорд во конкуренција на клубовите од Премиер лигата

Објавено

на

Foto:twitter.com/LFC

Англискиот клуб Ливерпул влегува во една нова ера по заминувањето на Јирген Клоп и неговиот стручен штаб, но тоа нема да ја намали неговата популарност и комуникацијата со големата база на фанови.

„Црвените“ денеска се пофалија дека станале прв премиерлигаш со 10 милиони претплатници на „YouTube“, бројка поради која си заработија престижно дијамантско „плеј“ копче од страна на одговорните на платформата.

Креативните содржини, кои тимот на Ливерпул задолжен за социјалните мрежи, ги подготвува секојдневно за фановите, имаат најважна улога во поминувањето на границата од 10 милиони претплатници, која другите клубови допрва ќе треба да ја минат.

„YouTube“ каналот е активиран во 2005 година, најгледаното видео има 46 милиони прегледи, а содржината е прегледана над 2,7 милијарди пати. Видеото со прошталниот говор на Клоп до фудбалерите е тоа со кое клубот ја помина границата од 10 милиони претплатници, а самото видео веќе има над 1,5 милиони прегледи.

Како споредба, големиот ривал Манчестер Јунајтед веќе ја надмина границата од 9 милиони претплатници, шампионот Сити има 7,43 милиони, додека Арсенал котира најлошо во ова друштво и тоа со нешто повеќе од 4 милиони претплатници.

Од другите лиги се истакнуваат Барселона со 17,2, односно Реал Мадрид со 13,5 милиони претплатници.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни