Ливерпул сака да го доведе новиот Торес од Шпанија, но ќе има пеколно тешка задача да го реализира трансферот

feran-tores

Ливерпул направи одличен потег со ангажманот на Фернандо Торес од Атлетико Мадрид, а сега 13 години подоцна, клубот од „Енфилд Роуд“ планира да издвои солидни парични средства за да го доведе новиот суперталентиран Торес кој игра на врвно ниво во Шпанија.

Секако, во случајот станува збор за Феран Торес, крилниот напаѓач на Валенсија кои со свои 20 години веќе насобра 90 настапи за првиот тим на шпанскиот великан. Торес фудаблски експлодираше оваа сезона и се претвори во незаменлив првотимец во системот на „лилјаците“, но за нивна несреќа, голем проблем претставува тоа што не успеаја навреме да го „блиндираат“. Како последица на фантастичните настапи и огромниот интерес кој владее за него, Валенсија сега има проблем да обезбеди нов договор, а Ливерпул е еден од клубовите кои се на врвот на листата кои сакаат да го искористат ваквиот расплет.

„Црвените“ имаат одлично искуство со презимето Торес, а Феран кој располага со страшна брзина исклучително добро би се снашол во фудбалската филозофија која ја негува Јирген Клоп, но дефинитивно задачата за Ливерпул нема да биде лесна и едноставна, бидејќи за фудбалскиот бисер на Валенсија силно притискаат и Реал Мадрид и Барселона кои чекаат преговорите меѓу фудбалерот и Валенсија да заглават во „ќок-сокак“.

Едно е сигурно, доколку Феран не го продолжи договорот во наредните неколку месеци, тој на само 20 години ќе направи огромен трансфер претстојново лето.

Facebook Коментари