Поврзете се со нас

Англија

Ливерпул рутински го мина и првиот тест на „Енфилд“ (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/LFC

Ливерпул изгледа навистина солидно и цврсто под водство на Арне Слот, нешто што можеше да се заблежи и на вториот официјален меч во Премиер лигата.

По премиерата против Ипсвич на која „црвените“ славеа со 0:2, Ливерпул денеска повторно славеше со ист резултат, но овојпат на домашен терен.

Играчите на Слот не погрешија на првиот тест кој го имаа оваа сезона на „Енфилд Роуд“, па прилично рутински се справија со Брентфорд и го запишаа шестиот бод во второто коло.

Првиот гол пристигна во воведниот дел од мечот кога Колумбиецот Луис Дијаз погоди за 1:0, додека точка на мечот стави Мо Салах во второто полувреме.

На овој начин, Ливерпул стана четвртата екипа со максимален учинок по две одиграни рунди, нешто што веќе го остварија Манчестер Сити, Арсенал и Брајтон.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни