Поврзете се со нас

Англија

Ливерпул прв фаворит за ангажман на еден од најдобрите играчи на Борусија Дортмунд

Објавено

на

Од таборот на Ливерпул се издвоиле како први фаворити за ангажман на фудбалерот на Борусија Дортмунд и англиски репрезентативец, Џуд Белингем.

Играчот од средниот ред иако има само 18 години е меѓу најдобрите играчи на „милионерите“ оваа сезона и јасно е дека интересот за него е огромен.

„Мирор“ пренесува дека англискиот Ливерпул е во потрага по долгорочна замена за Џордан Хендерсон и Фабињо и ќе се обиде да го ангажира Белингем уште во летниот преоден рок.

Проблем за „црвените“ ќе претставува високото обесштетување кое ќе го бараат од Борусија Дортмунд за младиот фудбалер.

„Милионерите“ за да се ослободат од Белингем ќе бараат најмалку 90 милиони евра, а прашање е дали и за тие пари ќе го пуштат да си оди од својот тим со оглед на фактот што речиси е сигурно дека ќе го продадат Ерлинг Халанд во текот на следниот летен преоден рок.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни