Поврзете се со нас

Англија

Ливерпул пропушти можност да го ангажира Вернер, но нема да се откаже од „ѕверот“ од Премиер лигата

Објавено

на

Од редовите на Ливерпул пропуштија можност да го ангажираат Тимо Вернер кој кариерата веројатно ќе ја продолжи во редовите на Челси.

Јирген Клоп сака да го засили својот тим со офанзивец ова лето, а се чини дека примарна трансфер цел ќе му биде Адама Траоре од Вулверхемптон.

Нуно Еспирито Санто очајно сака да го задржи Траоре во своите редови, сега откако голема е веројатноста Раул Хименез да си оди од „Мулину“ и тоа за сума од само 20 милиони фунти.

Сепак, како што пишува „Мирор“ од Ливерпул веќе ги воспоставиле првичните контакти со Вулверхемптон и се надеваат дека ќе го добијат потписот на Траоре во скоро време.

Адама Траоре пристигна во Вулверхемптон пред две години од Миделсбро за сума од 18 милиони фунти, а сега би мжел да реализира  трансфер од соништата доколку потпише за Ливерпул.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни