Поврзете се со нас

Англија

Ливерпул повторно се мачи со повредите, Клоп остана и без офанзивен фудбалер

Објавено

на

Фото: twitter.com/LFC

Јирген Клоп се соочува со уште еден проблем поврзан со повредените фудбалери на Ливерпул, а овојпат во прашање е Дарвин Нуњез.

Напаѓачот ги информирал во Уругвајската фудбалска федерација дека нема да може да настапува за националниот тим во мартовските термини, а причина е токму повреда заработена при извршување на клупските обврски.

Иако засега не е прецизирано за каква повреда се работи, англиските медиуми пренесуваат дека Нуњез има повреда на зглоб на ногата.

Уругваецот ќе остане во Ливерпул, каде веќе започнал со процесот на рехабилитација, а нејасно е дали ќе биде подготвен за клупските обврски по репрезентативната пауза.

Пред само неколку дена, Ливерпул потврди дека Стефан Бајчетиќ нема да игра до крајот на сезоната, па повредата на Нуњез е дополнителен проблем за Клоп во како што и самиот вели, клучниот период за сезоната.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни