Поврзете се со нас

Англија

Ливерпул поставил трансфер цена за Елиот

Објавено

на

foto:twitter.com/premierleague

Одличната сезона за Ливерпул донесе и одредени промени во однос на минутажата за дел од фудбалерите, а Харви Елиот е еден од оние играчи кои добиваат помала шанса од новиот менаџер Арне Слот.

Откако минатата му беше најдобра сезона во дресот на Ливерпул и тоа под водство на Јирген Клоп, Елиот сезонава најпрвин паузираше поради повреда, а по камбекот добива помала минутажа од новиот менаџер.

Затоа и клубот е отворен за продажба на 21-годишниот фудбалер и според „Дејли Мејл“, веќе поставил трансфер цена меѓу 35 и 40 милиони фунти за заинтересираните страни.

Борусија Дортмунд и Брајтон наводно се заинтересирани за Елиот и можат да се обидат да преговараат за спуштање на трансфер сумата, но јасно е дека Ливерпул во секој случај ќе обезбеди голем профит од неговото заминување.

Елиот беше доведен од Фулам за само 4,3 милиони фунти и оттогаш има 128 настапи за „црвените“.

 

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни