Поврзете се со нас

Англија

Ливерпул понудил 45 милиони евра за фудбалер на Аталанта

Објавено

на

Foto:twitter.com/LFC

Фудбалерите на Аталанта дополнително го привлекоа вниманието со освојувањето на Лига Европа, а на патот кон трофејот успеаја да го елиминираат и Ливерпул и тоа со убедлива победа остварена на „Енфилд“.

Бразилските медиуми тврдат дека „црвените“ веќе испратиле понуда за Едерсон, за кого премиерлигашот е подготвен да плати 45 милиони евра.

Едерсон одговара на стилот на игра кој планира да користи новиот менаџер Арне Слот, а доколку Аталанта е подготвена да се раздели со Бразилецот, тогаш очигледно лесно ќе договори и трансфер сума со „црвените“.

Ливерпул го следи и сонародникот на Слот, Теун Копмајнерс, кој соработуваше со овој тренер во АЗ Алкмар и сигурно може да размислува за трансфер во редовите на премиерлигашот.

Сепак, во случајот со Копмајнерс, проблем е Јувентус кој наводно веќе има добиено потврда од фудбалерот дека ќе потпише договор откако двата клуба ќе се договорат за трансферот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни