Поврзете се со нас

Англија

Ливерпул победнички низ Лондон, Арсенал не најде решение за фенерџијата во ПЛ (ВИДЕО)

Објавено

на

Составот на Ливерпул ги освои трите бода на денешното гостување кај Кристал Палас во Лондон, победа со која ја намали разликата во однос на лидерот на табелата Манчестер Сити кој вчера киксираше против Саутемптон.

Избраниците на Јирген Клоп се изборија за триумф од 3-1 во кој автори на погодоците беа Ван Дајк и Окслејд-Чембрлејн во првото и Фабињо од пенал во второто полувреме.


Кога се во прашање домаќините надеж за нив донесе Едуард во 55 минута кога намали до 2-1, ама потоа немаа сила повторно да го матираат гостинот од „Енфилд Роуд“.

Ливерпул има 48 бода или 9 помалку од Сити со тоа што „црвените“ имаат и уште еден меч за доигрување.

Арсенал пак иако упати 20 удари не дојде до триумф против последно пласнираниот тим на табелата Барнли. „Топчиите“ имаа неколку добри прилики, ама на крајот мораа да се задоволат само со бод и резултат 0-0.

На третиот дуел Лестер и Брајтон одиграа 1-1.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни