Поврзете се со нас

Англија

Ливерпул победи, но Арнолд нема да спие мирно неколку дена поради Доку (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/ManCity

Ливерпул го освои „Итихад“ првпат после 10 години во Премиер лигата и најверојатно зададе клучен удар во битката за титулата, која се поизвесно е дека ќе се врати на „Енфилд Роуд“.

Со вчерашната победа од 0:2 кај Манчестер Сити, Ливерпул сега има 11 бодови повеќе од Арсенал и малку веројатно е дека ќе испушти таква предност, па веќе дел од експертите во Англија почнаа да го прогласуваат тимот на Арне Слот за нов шампион.

Ливерпул вчера уште еднаш демонстрираше дека може да биде гранитно цврст во одбрана и покрај сите налети на „граѓаните“, а најзаслужни за тоа се стоперите Ван Дајк и Конате кои одиграа натпревар за чиста десетка.

Тоа дефинитивно не може да се каже за Трент Александер Арнолд кога се во прашање дефанзивните задачи, бидејќи десниот бек на Ливерпул вчера постави негативен рекорд во ПРемиер лигата, поради кој сигурно нема да спие неколку дена.

Жереми Доку си поигруваше со Трент на секој можен начин и комплетираше дури 15 успешни дриблинзи на „Итихад“, од кои најголем дел беа токму против Трент.

Арнолд вчера беше издбриблан дури 11 пати на десната страна, па така стана убедливо најдрибланиот играч на еден премиерлигашки натпревар во историјата (досега негативниот рекорд беше 10).

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни