Поврзете се со нас

Англија

Ливерпул планира египетски репрезентативец како замена за Салах

Објавено

на

foto: twitter.com/LFC

Англиските медиуми најавуваат дека Мохамед Салах ќе побара да му биде дозволен трансфер по крајот на актуелната сезона, а Ливерпул мора да се подготвува за вакво сценарио.

Египетската ѕвезда веќе одби сериозна финансиска понуда од Саудиска Арабија и се чини дека вторпат нема да го направи истиот потег, а Ливерпул го следи неговиот евентуален наследник, кој интересно му е и сонародник на Салах.

Се работи за играчот на Ајнтрахт, Омар Мармуш, кој веќе го најави својот потенцијал во Бундеслигата и европските купови, а за него Ливерпул би требало да плати околу 60 милиони евра.

Во ерата на Јирген Клоп „црвените“ доведоа важни засилувања од германското првенство, а очигледно скаутите на клубот веќе го следеле и Мармуш, па разделбата со менаџерот нема да промени премногу околу интересот за играчот кој одамна живее во Германија.

Мармуш сезонава постигна 15 гола на 33 натпревари и го привлекува интересот на повеќе европски клубови.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни