Поврзете се со нас

Англија

Ливерпул одбил размена со Њукасл во која требало да го добие репрезентативецот Гордон

Објавено

на

Foto:twitter.com/NUFC

Ентони Гордон е дел од англиската репрезентација која настапува на ЕП во Германија, а медиумите на островот открија дека лесно можел да стане нов фудбалер на Ливерпул.

Неговиот актуелен клуб Њукасл испратил интересна понуда за размена до „црвените“, но Ливерпул не ја прифатил истата и покрај високото мислење на менаџментот за Гордон.

Њукасл бил подготвен да се откаже од Гордон за да го добие Џарел Квансах, но англискиот ривал не сметал дека ова е добра опција за Ливерпул.

„Црвените“ имаат солиден фонд на офанзивни играчи и не се под притисок да инсистираат на 23-годишниот Гордон, истовремено задржувајќи го талентираниот дефанзивец Квансах, кој беше и на поширокиот список на англиската репрезентација за ЕП.

Гордон дојде во Њукасл во јануари 2023 година, а „црно-белите“ за него платија 45 милиони фунти.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни