Англија
Ливерпул обезбеди приватен авион како пријатно изненадување за фамилијата Диаз

Ливерпул направил несекојдневен потег, со кој ги освои симпатиите на фудбалските фанови и ќе заработи сериозна благодарност од Луис Диаз и неговата фамилија.
Премиерлигашот реши да му помогне на семејството Диаз во надминувањето на сериозната траума по неодамнешното киднапирање на родителите на фудбалерот, па испратил приватен авион со кој во Ливерпул се транспортирани членовите на семејството на Колумбиецот, но и уште неколку најблиски роднини.
Членовите на фамилијата Диаз ќе го поминат наредниот период и Божиќ во Ливерпул, а фудбалерот ќе им се приклучи откако ќе го одигра натпреварот против Парагвај во квалификациите за СП.
Таткото и мајката на Диаз беа киднапирани во Баранкилја, а откако мајката беше ослободена за нецел ден, фудбалерот на Ливерпул долго беше во неизвесност, бидејќи Диаз сениор беше ослободен по дури 12 дена.
Колумбискиот репрезентативец се врати во својата земја поради обврските кон националниот тим и со два гола донесе голема победа над Бразил.
-
Македонијапред 24 часа
(ФОТО) Новиот автомобил на Иџе пристигна во Скопје
-
Германијапред 16 часа
Нереален автогол: Голман на Хамбургер со „мајсторија“ која ќе ја памети до крајот на животот (ВИДЕО)
-
Италијапред 23 часа
Малдини откри како бил отпуштен од Милан и распали по првиот човек на клубот
-
Шпанијапред 17 часа
Анчелоти го спореди Белингем со бразилска легенда: Изненаден сум од него…
-
Англијапред 15 часа
Гвардиола воодушевен од тренерот на Тотенхем: Тој го прави фудбалот подобро место, уживам да ги гледам
-
Европски првенствапред 21 час
Лазаров повика 35 ракометари на поширокиот список, има и едно изненадување (Фото)
-
Шпанијапред 17 часа
Гризман и Саул имаа провокативни изјави, Жоао Феликс им одговори (ВИДЕО)
-
Светпред 15 часа
Митровиќ и Милинковиќ-Савиќ го потопија Ал Наср на Роналдо (ВИДЕО)