Поврзете се со нас

Англија

Ливерпул награди млад фудбалер со долг договор

Објавено

на

Ливерпул и менаџерот Јирген Клоп имаат доверба во младите фудбалери кои веќе се дел од првиот тим, а тоа го покажува и потегот со Харви Елиот.

19-годишниот фудбалер добил посакувано продолжување на договорот со англискиот клуб и ќе биде дел од „црвените“ до 2027 година.

Значењето на потегот повлечен од клубот е уште поголемо ако се знае дека минатата сезона Елиот долго беше во аут поради посериозна повреда.

– Нема ништо на светот што би ме направило посреќен или повозбуден од ова. Убаво е да се знае дека ќе бидам овде уште долго, – изјавил играчот за врска, кој може да настапува и на крилна позиција.

Елиот досега има три настапи за младинската репрезентација на Англија, но и натаму ќе очекува прв повик од Герет Саутгејт.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни