Англија
Ливерпул ќе заработи 25 милиони фунти за фудбалер со само четири настапи
Ливерпул и новиот менаџер Арне Слот се невообичаено пасивни во актуелниот преоден рок, но клубот реши да продаде дел од фудбалерите кои не се во плановите на холандскиот стручњак.
Слот се откажал од Сеп ван дер Берг, фудбалер за кој најголем дел фанови на Премиер лигата заборавија дека е член на „црвените“, а за него Ливерпул ќе добие неверојатни 25 милиони фунти.
Парите за Ван ден Берг ќе ги плати Брентфорд, а од нив 20 милиони се фиксни, додека 5 милиони фунти ќе бидат исплатени со евентуално активирање на различни бонуси. Ливерпул дури ќе има право и на 17,5% од сумата од евентуалниот следен трансфер на дефанзивецот.
Сонародникот на новиот менаџер на Ливерпул дојде во Англија од Цволе во 2019 година за само 1,3 милиони фунти, забележа само четири настапи за „црвените“, од кои три во Лига купот и беше испраќан на заем во повеќе клубови.
Последен клуб му беше Мајнц каде доби посакувана минутажа, а Брентфорд решил дека фудбалерот е инвестиција вредна 25 милиони фунти, што секако се претвора во трансфер мајсторија на ривалот од „Енфилд“.
Sepp van den Berg has completed a permanent transfer to Brentford.
Everyone at LFC thanks Sepp for his contributions at the club and wishes him the best of luck in his future career 👊
— Liverpool FC (@LFC) August 22, 2024
-
Балканпред 16 часа
Гатузо со вулгарни зборови по големата дерби победа над Динамо: Би бил вистинско……
-
Шпанијапред 15 часа
Помладиот Белингем за ѕвездата на Реал: Џуд е бескорисен…
-
Светпред 17 часа
Димитриоски и Карапалевски со ист учинок, Валјадолид испушти победа во АСОБАЛ лигата
-
Англијапред 10 часа
Гвардиола: Првпат се сложувам со Тебас
-
Шпанијапред 14 часа
Јамал: Сакам да играм заедно со него секоја недела
-
Шпанијапред 16 часа
Деко за играчот кој си замина од Барселона: Му понудивме договор и важен проект, но тој…
-
АТПпред 12 часа
Руд застана зад Синер: Се запознав со правилата, ако внимателно прочитате…
-
Балканпред 15 часа
Гатузо се занесе и го бакна Ливаја во уста (ВИДЕО)