Поврзете се со нас

Англија

Ливерпул ќе му пресуди и на Солскјер, раководството на Манчестер Јунајтед размислува за отказ

Објавено

на

Медиумот близок до случувањата во клубовите од Манчестер, „Manchester Evening News“ пренесува дека во таборот на „ѓаволите“ сериозно размислуваат за опцијата да му врачат отказ на Оле Гунар Солксјер по понижувањето од Ливерпул во текот на вчерашниот ден.

Според овој медиум се размислува отказот на Солскјер да му биде врачен дури и пред натпреварот со Тотенхем кој се игра следниот викенд и во кој двата клуба ќе влезат со аспирации за победа по лошиот викенд кој го оставија зад себе.

Манчестер Јунајтед веќе има пет порази во последните девет средби и е без победа на последните четири натпревари во Премиер лигата што е јасен показател дека мора да се реагира.

И Фабрицио Романо пренесе дека врвот на клубот ќе разговара со семејството Глејзер за позицијата на Солскјер.

Медиумите веќе побрзаа да го поврзат Антонио Конте со клупата на Јунајтед, а меѓу кандидатите за наслендик на Солскјер е и Зинедин Зидан.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни