Англија
Ливерпул ќе го жртвува Диаз за да доведе топ напаѓач

Екипата на Ливерпул игра одлична сезона под водство на Арне Слот, но во клубот се убедени дека ростерот може и треба да биде надграден со одредени интервенции во следниот преоден рок.
Поранешниот скаут на Манчестер Јунајтед, Мик Браун, за англиските медиуми открил дека Ливерпул ќе има јасна цел летово, а тоа е да доведе врвен напаѓач во своите редови.
За таа цел и поради конкуренцијата во нападот, клубот од „Енфилд“ е подготвен да го продаде Луис Диаз, со што заработените пари ќе ги реинвестира во класична „деветка“ од топ класа.
Колумбиецот се бори за место со повеќе актуелни играчи на Ливерпул и за него постои сериозен интерес од повеќе клубови, што значи дека „црвените“ може да сметаат на солидна трансфер сума, а потоа да бидат помоќни во својата понуда за играчот кој ќе го изберат Слот и неговите соработници.
Шпекулациите се дека во моментов изборот е Александер Исак и Ливерпул би испратил примамлива понуда до Њукасл за да го доведе шведскиот репрезентативец, кој би му помогнал на тимот да биде поопасен во офанзива наредните сезони.
-
Свет21 час
Атрактивен гол на ветеранот: Мајсторијата на Меси го најави пресвртот на Интер Мајами (ВИДЕО)
-
Шпанија22 часа
Симеоне за неверојатниот пресврт на Барселона: Направив грешка со една измена
-
Англија16 часа
Ова никогаш не му се случило: Салах со негативен рекорд во поразот од Њукасл
-
Балкан9 часа
Панчев воспоставил конекции за остварување на голема цел: Хуманитарни натпревари меѓу Вардар-Звезда и Македонија-Србија
-
Италија22 часа
Мота: Оставка? Тоа е премногу лесно…
-
Италија20 часа
Гасперини: Судијата го уништи натпреварот со Интер
-
Англија19 часа
Постекоглу влезе во конфликт со навивач на Тотенхем, Тел мораше да ја смирува ситуацијата (ВИДЕО)
-
Англија17 часа
Руни бил блиску да игра за друга репрезентација: Тоа ќе беше одлично