Поврзете се со нас

Англија

Ливерпул ќе ги понуди Фирмино или Кеита за да обезбеди потпис на играч на Интер

Објавено

на

Италијанските медиуми пренесуваат дека од таборот на Ливерпул се подготвени да понудат играч плус пари за да го ангажираат еден од најстандардните фудбалери на „нероаѕурите“.

Јирген Клоп сакал да го донесе хрватскиот репрезентативец, Марсело Брозовиќ кој би требало да ги пополни дупките кои настанаа во средината на теренот на Ливерпул.

Тијаго Алкантара е последното име од составот на Клоп кое ќе биде отсутно извесен период поради повреда,  а од претходно отсутни се Окслејд Чемберлејн и Курстис Џнс.

За да го ангажираат Брозовиќ, од Ливерпул биле подготвени да ги понудат или Роберто Фирмино или Наби Кеита кои нема да имаат голема минутажа на „Енфилд“ оваа сезона.

Јирген Клоп уште на стартот на сезоната се соочува со проблеми затоа што веќе почнаа да му се повредуваат важни играчи од тимот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни