Поврзете се со нас

Англија

Ливерпул ја намалил цената на свој фудбалер за да му го олесни посакуваниот трансфер

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/LFC

Арне Слот дебитираше со победа на клупата на Ливерпул во Премиер лигата, а фановите со право беа задоволни од настапот на „црвените“ на гостувањето кај Ипсвич.

Иако овој противник можеби не е вистинско мерило за моменталната форма и квалитетот на ростерот на поранешниот англиски шампион, јасно е дека Слот ќе форсира свој стил на игра, а барем засега останува нејасно дали ќе ангажира и некој нов фудбалер за полесно да ги оствари зацртаните цели.

Во спротивна насока, Ливерпул летово се збогуваше со неколку фудбалери, последен замина Фабио Карвалјо, а блиску до таков потег е и Џо Гомез.

Дефанзивецот не е задоволен од статусот во редовите на премиерлигашот и сака да ја промени средината, а Ливерпул прифатил да ја намали бараната трансфер сума за да го олесни неговото заминување.

Гомез не беше во комбинација за дуелот со Ипсвич, а најавите се дека Ливерпул очекува околу 30 милиони фунти за неговиот трансфер, сума која не е мала, но може да биде прифатлива за дел од премиерлигашите.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни