Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Ливерпул ја доби битката на великаните, Сити се „распука“, ѕвездениот ПСЖ заглави во Бриж (ВИДЕО)

Објавено

на

Фудбалерите на Ливерпул славеа над Милан со 3-2 во еден од дерби натпреварите кои ја одбележаа оваа вечер во Лигата на шампионите.

„Црвените“ беа подобар, поконретен ривал, но гостите од Милано имаа кратки блесови и знаеја како да ги искористат шансите и во одреден период да ја замоклнат публиката на „Енфилд Роуд“.  Премиерлигашот имаше се под контрола во првиот дел, водство од 1-0, промашен пенал преку Салах и еден „куп“ на останати прилики, корнери…меѓутоа фудбалот е магична игра, па „росонерите“ преку два акции од 42 до 44 дојдоа до погодоци преку Ребиќ и Дијаз за водство од 2-1 на паузата.

Во вториот дел Ливерпул тргна по трите бода и ги обезбеди благодарение на Салах и капитенот Хендерсон кои беа прецизни во 49 и 69 минута.

На „Итихад“ Манчестер Сити и РБ Лајпциг одиграа отворен, динамичен меч со девет голови за конечни 6-3 за англискиот шампион.

Аке, Мукеле (автогол), Марез, Грилиш, Кансело и Жезус погодоција за победникот, додека Нкунку на спротивната страна реализираше хет-трик.

Ѕвездениот состав пак на ПСЖ разочара и одигра само 1-1 против Бриж во Белгија. Ерера го донесе во водство фаворитот, одговорот стигна преку Ванакен.

Реал Мадрид го голот пак на Родриго во 89 минута дојде до славје над Интер на „Џузепе Меаца“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни