Поврзете се со нас

Англија

Ливерпул „испука петарда“ на „Енфилд Роуд“, веќе се познати паровите за 5. рунда на ФА Купот

Објавено

на

foto: twitter.com/LFC

Тимот на Ливерпул не дозволи никакво изненадување и со сигурно издание обезбеди пласман во петтата рунда на ФА Купот.

Избраниците на Јирген Клоп го решија Норич со 5-2 со головите на Џонс, Нуњез, Жота, дефанзивецот Ван Дајк и Гравенберх. Во меѓувреме беше извршена и ждрепката за следната фаза која на „црвените“ ќе им донесе нов меч на домашен терен и тоа одново со состав од Чемпионшип лигата, подобриот од Вотфорд и Саутемптон кои ќе мора да играат и реванш со оглед на тоа што денеска ремизираа 1-1.

Имаме два премиерлигашки парови во 5. коло и тоа Вулверхемптон-Брајтон и Лутон-Манчестер Сити.

Останатите двојки се следни:

Блекбурн/Рексам-Њукасл

Челси/Астон Вила-Лидс Јунајтед/Плимут

Борнмут-Лестер

Бристол Сити/Нотингем Форест-Њупорт/Манчестер Јунајтед

Шефилд Венздеј/Ковентри-Мејдстоун Јунајтед

Овие средби ќе се играа на крајот на нередниот месец.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни