Поврзете се со нас

Англија

Ливерпул и Манчестер Јунајтед во тинејџерската сензација од Островот: Убаво е да чуеш дека…

Објавено

на

Ливерпул и Манчестер Јунајтед во летниот преоден рок ќе влезат во трансфер битка за млад фудбалер кој зад себе остава одлична сезона.

Играчот на Петерборо, 17 годишниот офанзивец Рики Џејд Џонс со своите настапи го привлече вниманието на најдобрите екипи од Англија, меѓу кои се и Ливерпул и Манчестер Јунајтед.

Дека има премиерлигашки интерес за играчот потврди и спортскиот директор на Петерборо, Бери Фрај кој најави дека младиот Џонс веројатно ќе си оди од клубот ова лето откако претходно во јануари успешно бил одбиен нападот од страна на Лидс Јунајтед.

Младиот Џонс,  пак, во интервју за „Скај Спортс“ призна дека е свесен за интересот и посочи дека му годи што на 17 години го бараат и најсилните екипи во Англија.

– За 17 годишен фудбалер ваквиот интерес е многу убав. Јас сум во добра позиција во моментов и уживам, па овие шпекулации не ми го одвлекуваат вниманието, туку само ми даваат мотивација да им покажам на луѓето што можам, -кратко изјави Џонс.

Младиот офанзивец кој годинава на 16 средби за Петерборо постигнал четири погодоци откри дека неговиот стил на игра го базира врз играта на фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд.

– Сакам да играм како Маркус Рашфорд затоа што неговиот пробив во првиот тим беше сличен како мојот. Ги следам многу неговите настапи и учам многу од него, -изјави Џонс.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни