Поврзете се со нас

Англија

Ливерпул и дефинитивно губи еден од своите стандардни фудбалери: Уште два клуба заинтересирани за играчот

Објавено

на

Од таборот на Ливерпул во летниот преоден рок веројанто ќе останат без услугите на еден свој стандарден фудбалер.

Станува збор за холандскиот репрезентативец, Џеорџино Вијналдум кој се уште го нема продолжено договорот со „црвените“ и најверојатно ќе го напушти „Енфилд“ по крајот на сезоната.

Долго време се шпекулираше дека Барселона е заинтересирана за услугите на фудбалерот од средината на теренот, но фактот што веројатно Роналд Куман ќе заработи отказ од клубот по крајот на сезоната јасно покажува дека таквиот трансфер можеби и нема да се реализира.

„Дејли Мејл“ јавува дека за Вијналдум сега постои интерес од два други европски гиганти. Имено, ПСЖ и Интер одблиску ја следат ситуацијата со играчот и се надеваат на негов ангажман во летниот преоден рок.

Договорот на Џини Вијналдум истекува во јуни, па тој без проблем може да си договори слободен трансфер во заинтересираните клубови.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни