Поврзете се со нас

Англија

Ливерпул и Челси ќе се борат за трофејот во Лига Купот (ВИДЕО)

Објавено

на

foto: twitter.com/LFC

Екипата на Ливерпул ќе биде противникот на Челси воо финалето на Лига Купот кое ќе се одигра на 25 февруари на „Вембли“.

„Црвените“ вечерва останаа непоразени на средбата против Фулам во Лондон (1-1) што беше доволно за да се пласираа во следната фаза со оглед на тоа што првиот меч го добија со 2-1.

Гостите први го отворија резултатот и тоа со голот на Дијаз во 11 минута. Долго време потоа немаше промени се до 77 минута кога Диоп се најде на вистинското место за 1-1 и надеж дека Фулам може да направи нешто повеќе на „Кревин Котиџ“.

До крајот остана истиот резултат кој значеше дека Ливерпул го очекува борба за титула наредниот месец.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни