Поврзете се со нас

Англија

Ливерпул го реши Борнмут за десет минути, Тотенхем со пресврт ја прекина лошата серија

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/LFC

Тотенхем доживеа почетен шок од Брентфорд, но подоцна успеа да направи целосен пресврт и да ја прекине лошата серија во која нанижа два пораза во Премиер лигата, додека Ливерпул беше сигурен на домашен терен во пресметката со Борнмут.

Лондонската пресметка му припадна на Тотенхем со 3:1, иако Мбеумо со атрактивен погодок донесе рано водство за Брентфорд, потоа следуваше пресврт од домашниот тим.

Соланке и Џонсон донесоа водство на полувреме, а Мадисон во завршницата ги постави конечните 3:1.

Ливерпул брзо им се врати на победите по киксот со Нотингем, а Борнмут беше откажан уште во фуриозното прво полувреме.

Диаз постигна два, а Дарвин еден погодок меѓу 26 и 37. минута, а тие 3:0 останаа до крајот на средбата.

Слично, но подраматично сценарио како тоа во Лондон имаше и на дуелот меѓу Астон Вила и Волвс кој заврши со резултат 3:1, а домаќините беа во негатива до доцна во натпреварот. Куња донесе предност за „волците“ во 25. минута, а Вила чекаше на израмнување до 73. минута, кога Воткинс постигна нов гол и ги израдува домашните фанови.

Конса и Дуран во 88 и 94. минута го комплетираа пресвртот за три бода за тимот на Унај Емери.

Натпреварите Лестер-Евертон и Саутемптон-Ипсвич завршија со идентични 1:1, додека Фулам оствари важна победа над Њукасл со 3:1.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни