Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Ливерпул го освои Милано, Реал виде мака со Штутгарт, Динамо потопен на „Алијанц Арена“ (ВИДЕО)

Објавено

на

foto: x.com/FCBayern

Премиерлигашот Ливерпул издвојува победа над Милан од 3-1 во дерби средбата во првото коло во Лигата на шампионите.

Домаќините имаа подобар старт и поведоа со голот на Пулишиќ во 3 минута, но потоа Ливерпул дојде до израз и веќе до 41 минута направи комплетен пресврт со погодоците на стоперите Конате и Ван Дајк.

Милан тешко се враќаше во игра, па гостите во 67 минута само ги потврдија трите бода со реализацијата на Собослаи. Дополнителен проблем за „росонерите“ е и повредата на голманот Мењон кој сигурно ќе отсуствува некое време од терените што е хендикеп за тимот од Милано.

Реал Мадрид виде мака со бундеслигашот Штутгарт кој одигра квалитетно на „Сантијаго Бернабеу“, но шпанскиот тим пронајде начин и на крајот издвојуваше триумф од 3-1.

Гостите не искористија неколку прилики во првиот дел, па на самиот страт на вториот стигна казната преку Мбапе. Германскиот претставник се врати во игра преку Ундав и до 83 минута имаше бод во Мадрид. По еден корнер фаворитит дојде до ново водство преку Рудигер за да на крајот стрела и нововлезениот Ендрик за освојување на целиот плен.

Баерн Минхен го прегази Динамо Загреб со неверојатни 9-2. Кејн беше автор на четири гола, Олис даде два, а по еден Гереиро, Сане и Горецка.

Ристовски го одигра целиот меч, Адеми влезе од клупата за резерви.

На последната средба Спортинг беше подобар од Лил со 2-0.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни