Поврзете се со нас

Англија

Ливерпул го освои „Итихад“ после десет години и продолжи да маршира кон титулата (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/LFC

Ливерпул прави крупни чекори кон титулата во Премиер лигата и оваа рунда ја завршува со „плус 11 бодови“ во однос на Арсенал, сето тоа како резултат на киксот на „топчиите“, но и големата победа на избраниците на Арне Слот.

Актуелниот лидер во Премиер лигата потврди дека е убедливо најдобар тим во Англија во овој момент, па прилично рутински го совлада Манчестер Сити во натпревар во кој добро беше поставен во одбрана, но го користеше секој против напад за да зададе тежок удар.

Ливерпул по пауза од точно 10 години го освои „Итихад“ во Премиер лигата, а тоа во дадената ситуација значи огромен чекор напред во битката за шампионската титула.

Во моментов се чини дека тимот на Арне Слот маршира сам кон троејот во домашното првенство, не само поради формата, туку и поради фактот што нема сериозен тим кој може да го следи темпото на „црвените“.

Мо Салах повторно беше клучен фактор на едно големо дерби и денеска запиша гол и аситенција во победата од 0:2, со тоа што стрелец на вториот погодок беше Собослаи.

Двата голови беа видени во првото полувреме во кое Ливерпул беше како казнена експедиција, додека во второто гледавме целосна контрола од гостите, кои без многу проблеми го сочуваа голот на Алисон.

Оваа победа значи дека Ливерпул сега има 11 бодови повеќе од второпласираниот Арсенал, тим кој има одиграно еден натпревар помалку.

Головите погледнете ги ТУКА

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни