Англија
Ливерпул ги собра месечните награди во Премиер лигата
Победничката серија на Ливерпул во Премиер лигата донесе доминација на „црвените“ и во доделувањето на признанијата за играч и менаџер на месецот во ова натпреварување.
Денеска, Премиер лигата ги објави лауреатите за месец ноември, па признанијата одат кај Мохамед Салах и Арне Слот.
Ливерпул во ноември победи на сите натпревари кои ги одигра, а Салах учествувал во пет од седумте постигнати голови, а го освојува признанието првпат по октомври 2023 година.
Ова е шеста ваква награда во кариерата за Салах и сега е израмнет со Стивен Џерард и Кристијано Роналдо.
За Арне Слот ова е прво признание за менаџер на месецот и го добива по само неколку месеци во дебитантската сезона во Премиер лигата.
Менаџерот на Ливерпул е четврти холандски стручњак кој дошол до признанието, кое претходно го освоија и Ерик тен Хаг, Мартин Јол и Роналд Куман.
-
Светски првенства8 часа
Еден унгарски играч ги прислушкувал советите кои Лазаров им ги делел на ракометарите: Разбирав што им кажува
-
Италија20 часа
Инѕаги по ремито со Болоња: Судиите можат да направат грешки…
-
Светски првенства22 часа
Унгарскиот селектор (не)задоволен: Не е лесно да се игра против Македонците, посебно со вакво судење…
-
Англија15 часа
Артета најави засилување за Арсенал: Загубивме двајца важни играчи…
-
Шпанија21 час
Тренерот на Селта Виго му се закани на Реал: Имаат слабости, шансите да ги добиеме се…
-
Англија20 часа
Ван Дајк: Сега сме во криза? Премиер лигата е…
-
Шпанија19 часа
Гави: Тој е најдобриот играч на светот по Меси
-
Репрезентација22 часа
Серафимов: Дишевме еден за друг, се боревме и го оставивме срцето на терен!