Англија
Ливерпул ги скроти „волците“ и не дозволи нов кикс во Премиер лигата (Видео)

Ливерпул постигна два гола во првото полувреме против Волвс и тоа се покажа како доволна залиха за освојување на бодовите (2:1) на премиерлигашката средба.
По ремито со Евертон и губењето два бода со гол во судиското надополнување, „црвените“ денеска не погрешија против незгодниот противник, кој мораше да се задоволи со минимален пораз на „Енфилд“.
Диаз го отвори резултатот во 15. минута, а Салах реализираше пенал во продолжение за повисока предност на домашниот тим.
Матеус Куња постигна атрактивен гол во вториот дел и успеа да ги врати „волците“ во игра за позитивен резултат, но Вулверхемптон не успеа да направи изненадување и да го поремети ритамот на лидерот.
Со оваа победа, Ливерпул се врати на плус седум во однос на второпласираниот Арсенал.
-
Балкан18 часа
Панчев воспоставил конекции за остварување на голема цел: Хуманитарни натпревари меѓу Вардар-Звезда и Македонија-Србија
-
Италија21 час
Наместо отказ, Јувентус побарал две работи од Мота до крајот на сезоната
-
Свет20 часа
Невидена глупост во Бугарија: Минута молк за фудбалер кој испадна дека е жив! (Видео)
-
Репрезентација19 часа
Трогателна сцена од тренингот на Македонија: Обединети во тагата (Фото)
-
Свет18 часа
Хамес се смета за подобар од четири фудбалски легенди, вклучувајќи ги и Зидан и Модриќ: Во моите најдобри денови……
-
Шпанија17 часа
Непоразениот играч во тимот на Барселона: Набрзо ќе донесам одлука за мојата иднина
-
Балкан15 часа
Официјално: Вардар и Црвена Звезда ќе одиграат хуманитарен меч за трагедијата во Кочани! (Фото)
-
АТП18 часа
Ѓоковиќ доби тешка ждрепка и на Мастерсот во Мајами (Фото)