Поврзете се со нас

Англија

Ливерпул е отворен за понуди и разделба со еден напаѓач

Објавено

на

Foto:x.com/LFC

Офанзивната моќ му помогна на Ливерпул да се најде на највисоката позиција во Премиер лигата и да има одлични резултати во Лигата на шампионите, но „црвените“ се подготвени и да се откажат од едно од скапите засилувања од минатото.

Англиските медиуми тврдат дека клубот од „Енфилд“ е отворен за понуди за Дарвин Нуњез и нема да му прави проблеми на Уругваецот доколку тој прифати понуда на ривал, кој истовремено може да ја исплати однапред одредената цена.

Ливерпул би бил задоволен со барем 50 милиони фунти за фудбалерот кој поретко добива шанса по доаѓањето на Арне Слот и сезонава постигна четири погодоци за својот тим.

Диаз, Жота и Гакпо имаат предност кај актуелниот менаџер на „црвените“, а Нуњез е посочен како евентуално засилување за Њукасл, пред се поради фактот што црно-белите не се сигурни дека уште долго ќе можат да го задржат Александар Исак.

Уругваецот дојде во Ливерпул во 2022 година, а премиерлигашот и плати на Бенфика дури 85 милиони фунти за овој трансфер.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни