Поврзете се со нас

Англија

Ливерпул добива супер засилување од Баерн Минхен: Играчот одбил да го продолжи договорот со „баварците“

Објавено

на

Од таборот на Ливерпул би можеле да добијат супер засилување доколку успеат да се договорат со Баерн Минхен за нивниот играч од средниот ред.

Имено, шпанскиот репрезентативец Тијаго Алкантара одбил да го продолжи договорот со германскиот тим кој му истекува во 2021 година и ќе биде достапен за трансфер ова лето.

29 годишниот фудбалер е предмет на интерес на Ливерпул кој го посакува во своите редови и би можел да направи трансфер офанзива во следниот период.

„Дејли Мејл“ пренесува дека Алкантара им соопштил на челниците на Баерн Минхен дека е подготвен за нов предизвик во својата кариера.

Интересно е тоа што во договорот со Баерн Минхен има клаузула која вели дека Барселона може да го донесе играчот за 25 милиони евра доколку германскиот клуб се одлучи да го продаде.

Сега ситуацијата е таква, па и Барселона од нигде никаде се најде во игра за својот поранешен играч.

Сепак, се верува дека каталонскиот тим ќе ги добие услугите на Миралем Пјаниќ од Јувентус, па Тијаго ќе биде слободен да направи трансфер на „Енфилд“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни