Поврзете се со нас

Лига на нации

Ливерпул доби страшен фудбалер: Диого Жота го замени Роналдо и ја воодушеви Португалија (Видео)

Објавено

на

Португалија докажа дека знае да победува и без Кристијано Роналдо во тимот, а неговата улога на теренот денеска ја зазема едно од последните засилувања на Ливерпул пред стартот на сезоната.

Многумина се изненадија кога Јирген Клоп одлучи да го ангажира Диого Жота од редовите на Вулверхемптон, но 23-годишниот офанзивен фудбалер се почесто демонстрира дека станува збор за страшен потенцијал, на кого сега се воодушевува и цела португалска јавност.

Диого Жота беше МВП на мечот против Шведска кој Португалија вечерва го доби со 3:0, а засилувањето на Ливерпул учествуваше во сите три погодоци.

Најпрво му асистираше на Бернардо Силва за 1:0, потоа постигна погодок по феноменалното додавање на Кансело, а феноменалната вечер ја заокружи со прекрасен соло продор и погодок како во најдобрите денови на Кристијано Роналдо.

Со новите три бода, Португалија останува прва во својата група, на делба со Франција која вечерва со 1:2 славеше на гостувањето на „Максимир“ кај Хрватска.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни