Поврзете се со нас

Англија

Ливерпул броеше до пет и обезбеди полуфинале во Лига купот

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/LFC

Јирген Клоп одмори неколку важни фудбалери, а неговиот Ливерпул сепак стигна до убедлива победа (5:1) против Вест Хем во четвртфиналето на англискиот Лига куп.

„Црвените“ ја оправдаа фаворитската улога и остануваат во игра за овој трофеј, а во првото полувреме постигнаа само еден гол и тоа преку Собослаи.

Ливерпул беше многу поконкретен во продолжението, па Џоунс и Гакпо зголемија на 3:0, додека Боувен успеа да намали и да го постигне единствениот гол за гостите од Лондон.

До крајот Џоунс постигна уште еден гол, а во листата на стрелци се запиша и резервистот Салах за конечни 5:1.

Следен противник на Ливерпул ќе се бара меѓу екипите на Челси, Фулам и Мидлзброу.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни