Поврзете се со нас

Лига на нации

Ливаковиќ го честеше Диас, Хрватска и со пораз обезбеди опстанок во елитната група (Видео)

Објавено

на

Хрватска загуби на домашен терен од Португалија (2:3), но успеа со подобра гол-разлика да обезбеди опстанок во групата А од Лигата на нации.

Хрватите беа во директен дуел за третото место со Шведска, па и покрај поразот имаа среќа што и скандинавската селекција загуби на гостувањето кај Франција.

Сепак, домаќините не можат да бидат премногу задоволни со резултатот, откако на полувреме имаа водство од 1:0, а ремито го пропуштија во финишот, по киксот на голманот Ливаковиќ.

Хрватскиот голман му подари погодок на Диас во 90. минута, а за него ова беше втор гол на средбата, па така Португалците во финишот поведоа и славеа со 2:3.

Претходно и Жоао Феликс реализираше за гостите, додека два гола за Хрватска постигна Матео Ковачиќ, а од 51. минута домашната селекција имаше играч помалку, бидејќи по вториот жолт картон исклучен беше Рог.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни