Поврзете се со нас

Балкан

Ливаја постигна мајсторски гол, Гатузо импресиониран: Имам играно со осум „Златни топки“, Марко е неверојатен (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/hajduk

Хајдук го одигра најдобриот натпревар во вториот дел од сезоната и конечно презентираше убав фудбал за око, а во прекрасното фудбалско попладне посебно до израз дојде Марко Ливаја.

Искусниот напаѓач постигна два погодоци во триумфот од 4:0, но оној првиот беше навистина мајсторски, со кои само потврди дека е класа за Првата фудбалска лига во Хрватска.

Марко успеа да смири една долга топка и потоа маестрално да ја смести истата зад голманот на Осијек, па Рино Гатузо не штедеше пофалби за својот напаѓач.

– Многупати кажав досега во овие неколку месеци, Марко е играч кој можеше да направи многу повеќе во кариерата, тој е клучен играч за нас.

– Неговиот гол денеска? Имам видено многу голови во мојата кариера, играв со осум „Златни топки“, Марко е неверојатен и самиот не знае што може да направи со фудбалската топка. Тој е тука за да ги охрабри младите, да биде пример за сите. Откако сум тука, тој нема прескокнато ниту еден тренинг, тој е лидер на теренот, но и во соблекувалната, – изјави Гатузо.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни