Балкан
Ливаја ја напушти хрватската репрезентација по вчерашниот инцидент

Фудбалерите на Хрватска нема да имаа одмор по крајот на клупската сезона, а причина за тоа е собирот кој го имаат со репрезентацијата воочи завршниот турнир во Лигата на нации.
Хрватите ќе бидат дел од Ф4 турнирот и во полуфиналето ќе ги одмерат силите со Холандија, но за оваа средба и потенцијалното финале нема да можат да сметаат на Марко Ливаја.
Искусниот напаѓач беше еден од малкумината кои се појавија на вчерашниот прв тренинг свикан од селекторот Далиќ, но на истиот се случил голем инцидент откако фудбалерот на Хајдук бил жестоко навредуван од страна на навивачите.
Во еден момент, Ливаја тргнал да се пресметува со провокаторите и во нервоза удрил едно мало дете со топка, па целиот овој немил настан на крајот заврши со заминување на Марко од тим-базата.
– За жал, после се што се случи во изминатите 24 часа, чувствувам дека ќе бидам само товар за репрезентацијата и нема да можам да го дадам мојот максимум. Верувам дека тимот не заслужува да се занимаваме со вакви работи пред вака важни натпревари. Јас нема да настапам на завршниот турнир и го напуштам тимот, а на момците им посакувам многу среќа во Холандија, се надевам дека ќе се вратат со злато, – изјавил Марко Ливаја денеска.
-
Светпред 23 часа
Се уште чека на првиот гол: Нејмар повторно не реализираше пенал за Ал Хилал (ВИДЕО)
-
Шпанијапред 23 часа
Рамос ја матираше Севилја, Барселона продолжува да победува на „Монжуик“ (ВИДЕО)
-
Шпанијапред 13 часа
Чави со џентлменска изјава откако Рамос си постигна автогол за победа на Барса
-
Англијапред 13 часа
Рашфорд откри дека е посебно возбуден од едно летно засилување во Јунајтед
-
Англијапред 10 часа
Тен Хаг загуби уште еден играч и порача: Фудбалерите не можат да издржат
-
Англијапред 4 часа
Андерсен со мајсторија се погрижи за ужас на „Олд Трафорд“ каков што не се памети повеќе од три децении (Видео)
-
Англијапред 22 часа
Покетино загрижен поради повредата на англискиот репрезентативец: Не изгледа добро…
-
Светпред 8 часа
Митровиќ збесна и со рафал од српски пцовки го напушти теренот во Саудиска Арабија (Видео)