Поврзете се со нас

Европски првенства

Литванија поуспешна во драматичниот финиш, Македонија го претрпе првиот пораз во квалификациите

Објавено

на

Македонската ракометна репрезентација нема да се врати со максимален учинок во Скопје во овој ноемвриски квалификациски циклус, откако избраниците на Кирил Лазаров вечерва го запишаа првиот пораз во групната фаза на гостувањето во Вилнус.

Иако нашата селекција беше фаворит на хартија, Литванците во текот на сите 60 минути беа незгоден противник за Македонија, па на крајот имаа и повеќе нерви носени од својата домашна публика на трибините.

Нашите најдобри ракометари постојано беа блиску до ривалот и не дозволуваа поголемо одлепување на Литванците, но фактот што речиси цело време бркаа резултат на крај ги остави ракометарите без „гориво“.

Македонија само двапати имаше водство во првиот дел кој заврши со резултат 13:12, додека во второто полувреме во седум наврати имавме гол позитива, но последно тоа беше на десетина минути пред крајот.

Како клучна се покажа серијата од два гола која ја направија Литаванците при резултат 23:23, па откако отидоа на плус два на шест минути до крајот, знаеја како да ја одржат оваа позитива и на крајот да слават со 29:27.

Филип Кузмановски со осум погодоци беше најдобар поединец на паркетот, Серафимов и Пешевски постигнаа по пет, додека Литванија имаше два лидери во Антанавичиус и Маласинскас кои постигнаа по седум погодоци,

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни