Поврзете се со нас

Европски првенства

Литванија ја надигра Македонија во СРЦ „Кале“

Објавено

на

foto:www.facebook.com/macedonianbasketball

Кошаркарската репрезентација на Македонија го претрпе вториот пораз во третиот натпревар од квалификациите за Евробаскетот кој ќе се одржи во 2025 година.

Нашиот национален тим беше поразен од фаворизираната Литванија со 82:67 на средбата која се одигра во СРЦ „Кале“. Ние на овој меч не можевме да сметаме на доста важни играчи како Димитријевиќ, Шортс, Хап, Јакимовски, Магдевски…односно некомплетни тешко можеме да се носиме со Литванците кои исто така не нестапија со најсилниот тим што го имаат на располагање поради добро познати причини.

Катастрофално го отворивме натпреварот, првата четвртина ја загубивме со 23:9 и потоа постојано го бркавме противникот. Имавме одредени блесоци, минути, ама не доволни вистински да го загрозиме противникот кој знаеше да одговори секогаш кога беше шредизвикан.

На крајот доживеавме пораз од 15 разлика во кој Николов со 18 поени и 6 асистенции беше најдобар наш играч, двоцифрени беа уште Војдан со 13 и Крстевски со 10 кошеви.

За три дена следи нов дуел со истиот ривал и тоа во Клаипеда каде би требало да го имаме Димитријевиќ на располагање.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни