Литванецот Гаидис ќе го чува рекетот на Блокотехна

povilas gaidys

Македонскиот прволигаш Блокотехна го обезбеди и третото странско засолување за новата сезона, односно по Данило Мијатовиќ и Роберт Браун во Гевлегија пристигна Повилас Гаидис.

Станува збор 27-годишен литвански центар кој ќе има задача да го заштити рекетот на гевгеличани. Гаидис има настапи во НЦАА-лигата, а во Европа има настапувано во Грац и Гмунден од Австрија.

Со ангажманот на Гаидис полека се комлетира ростерот на Блокотехна со оглед на тоа што од минатата сезона се задржани Главчев, Младеновиќ и Цветковски, а беа ангажирани Глигоријевиќ и Николиќ од Охрид односно Работнички.

Facebook Коментари