Поврзете се со нас

Евролига

Литванците жестоко ја исвиркаа Звезда поради Украина, Американецот Вајт порача: Ни кажаа да не го…(ВИДЕО)

Објавено

на

Тимот на Жалгирис по една голема борба славеше над Црвена Звезда со 103-98 во заостанатата средба во Евролигата, но резултатот од дуелот падна во втор план поради една друга ситуација која донесе дополнителна тензија во Каунас.

Пред почетокот на мечот имаше знаме, банер со украински бои на кои стоеше пораката „Стоп за војната“, но истиот гостинскиот тим одби да го држи или поточно не зема учество во испраќањето на таа порака.

Ова донесе реакции и домашните навивачи жестоко ги исвиркаа гостите за да потоа според информации има навреди на сметка на Србите, но и НАТО знаме на трибините за дополнителна провокација.

Ова привлече големо внимание, па имаше коментари на темата, а еден од нив беше од Американецот, Арон Вајт кој се обиде да објасни што се случуло со банерот на почетокот на средбата.

-Како тим ни кажаа да не го допираме знамето. Сакам да разјаснам дека не ја подржувам војната и сакам мир низ целиот свет, -истакна членот на „црвено-белите“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни