Поврзете се со нас

Англија

„Лисиците“ го надитрија Јунајтед, шампионот рутински против Барнли (ВИДЕО)

Објавено

на

Фудбалерите на Лестер славеше над Манчестер Јунајтед со 4-2 во најинтересниот меч од попладневната програма во Премиер лигата.

Ова е уште еден резултат кој потврдува дека нешто не функционира во Јунајтед во овој момент, клуб кој последниот триумф во лигата го има запишано скоро пред есен месец против Вест Хем (2-1) во дуел во кој да не заборавиме Нобл промаши пенал во судиското продолжение за реми.

Првиот дел на „Кинг Пауер“ заврши 1-1 и тоа благодарение на прекрасните голови на Тилеманс и Гринвуд. Овој резултат беше активен се до самиот финиш или поточно до 78 минута кога започна вистинско лудило. Прво Сојунџу стрелаше за 2-1 за да Рашфорд возврати за 2-2.

Супер голови на „Кинг Пауер“: Гринвуд испрати неодбранлива „бомба“,Тилеманс возврати со мајсторија (ВИДЕО)

Во следниот напад Варди одново го донесе Лестер во водство за да во судиското продолжение Дака стави точка да сите дилеми.

Актуелниот шампион Манчестер Сити пак беше сигурен против Барнли и славеше со 2-0 преку головите кои ги дадоа Силва и Де Брујне.

На останатите дуели Норич и Брајтон ремизираа 0-0, Саутемптон го доби Лидс (1-0), а Вулверхемптон со чудесен пресврт победи против Астон Вила со 3-2.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни