Поврзете се со нас

Англија

Лисандро: Играме премногу добар фудбал, но имаме еден проблем!

Објавено

на

Foto:x.com/ManUtd

Манчестер Јунајтед никако не успева да најде континуитет и под водство на Рубен Аморим, менаџер кој брзо се увери дека го чека тешка и макотрпна работа на театарот на соништата.

Португалскиот стручњак пристигна во клубот со цел да стави крај на агонијата која го прогонува англискиот великан, но и тој во краток временски интервал воочи дека работите не можат да се поправат преку ноќ со само неколку корекции во тимот.

Охрабрувачката победа против Манчестер Сити пред една недела брзо беше заборавена со два порази во низа, но оној од Борнмут на домашен терен беше посебно болен бидејќи беше изразен со резултат 0:3.

Јунајтед најчесто делуваше безопасно во нападот и покрај тоа што имаше доста обиди за гол, но на спротивната страна изгледаше порозно во одбрана и дозволи гостите да постигнат три гола.

И покрај лошиот впечаток кој го оставија играчите на Јунајтед, Лисандро Мартинез уверува дека тимот почнал да игра далеку подобар фудбал со новиот тренер, па според него единствен проблем е тоа што имаат лоша реализација на шансите.

– Во вакви тешки ситуации потребно е да се покажа карактер. Не знам како ќе звучи ова, но јас сметам дека играме премногу добар фудбал, но за жал не успеавме да постигнеме голови од шансите кои ги креираме. Мора да продолжиме да веруваме, ова е клуб кој има поставено највисоки амбиции и знаеме дека мора да победуваме секој ден.

– Сите сме бесни кога претрпуваме вакви порази, а станува очигледно дека мора да работиме на прекини. Повторно примивме гол од прекин, а тоа ни ја отежнува работата. Како и да е, јас верувам многу во овој тим и во новиот стручеб штаб. Првиот гол од прекин ни нанесе голема штета, а на спротивната страна не реализиравме голем број шанси и тоа е наш голем проблем. Мора да работиме на реализацијата, знаеме дека мора да се подобриме во тој сегмент и ќе работиме на тоа. Знам дека фановите се нетрпеливи со нас, но само ние сме тие кои можеме да ги промениме работите на теренот. Тоа ќе го направиме со напорна работа на тренинзите, – посочи популарниот Лича.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни