Поврзете се со нас

Македонија

Липкинс е новиот организатор на играта на Академија ФМП

Објавено

на

Американецот Терел Липкинс е нов член на екипата на Академија ФМП.

Македонскиот прволигаш објави дека 29-годишниот Липкинс ќе биде новиот организатор на играта и ќе го замени Рони Харис кој кариерата ќе ја продолжи во Швајцарија.

-Пред се сакам да се заблагодарам на клубот што ми ја даде довербата да го облечам дресот на Академија ФМП за престојната сезона. Возбуден сум и задоволство ми претставува што доаѓам во Македонија, во градот Скопје. Знам дека ова е респектабилна лига и ќе дадам се од себе за да го претставиме клубот во најдобро светло. Очекувам напорна работа од екипата и се надевам на добар пласман сезонава, -истакна Липкинс за официјалната веб страна на клубот.

Досега Академија ФМП освен Липкинс ги договори Борјан Обедниковски, Лука Петровски, Љубиша Димитровски, Стефан Крстајиќ, Теодор Атанасов и Славчо Темелковски. Нови договори пак потпишаа Горан Главчев, Дејан Србиновски, Никола Анастасовски и Лука Стојановски.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни