Поврзете се со нас

Италија

Липи пред вечерашното дерби: Интер игра подобро, но Јувентус…

Објавено

на

Вечерва фокусот на фудбалската јавност ќе биде насочена кон Торино каде Јувентус ќе го пречека Интер, двете екипи кои покажаа најмногу во досегашниот дел на оваа сезона во Серија А.

Интер влегува со предност од два бода и со победа ќе направи дополнителна предност во борбата за Скудетото, но во случај „бјанконерите“ да слават тие ќе го преземат врвот на табелата и со тоа ќе испратат јасна порака дека се кандидати за пехарот, поточно залудни ќе бидат сите изјави на тренерот Алегри и останатите дека пред нив се е и екипи како Наполи и Милан.

Легендарниот Марчело Липи низ кариерата имаше можност да ги води двата великани, па од свој агол направи кратка анализа.

-Очекував Јувентус и Интер да имаат сезона на високо ниво, но да ја кажам вистината и другите тимови. Наместо тоа, се чини дека другите се малку подалеку. Можеби има одредена блискост, но мислам дека овие два клуба ќе се натпреваруваат за титулата.

-Ми се допаѓа големата конкретност на Јувентус, тие немаат спектакуларна форма на игра, но се одлучни. Интер игра подобро и е многу силен. Ќе се забавуваме гледајќи ги еден против друг. Алегри покажа дека гради конкретни тимови, Инѕаги покажува дека има способност да управува со ова ниво на тим, -истакна Липи кој посочи кој има предност во трката за пехарот.

-Мислам дека фактот што не играат во Европа може да биде од голема предност, освен ако Интер не најде психолошка предност во напредувањето од коло во коло. Сепак, подготовката за натпреварите без обврски во текот на неделата многу помага, -заклучи искусниот и трофеен Италијанец.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни