Светски првенства
Липи откри неверојатна анегдота од СП: Ги натерал играчите на Италија да се соблечат пред незаборавното полуфинале со Германија

Италија стана светски шампион во 2006-та година на германско тло, откако во големото финале ја совлада моќната Франција предводена од Зинедин Зидан, кој всушност се претвори во трагичар на завршниот меч со добиениот црвен картон.
„Аѕурите“ стигнаа до својата последна светска титула под водство на искусниот Марчело Липи, кој вели дека сите огромни успеси во кариерата ги става во втор план кога е мундијалот во прашање.
Италија имаше доста лесен пат до полуфиналето, но во последните два меча најпрво ја шокираше домашната Германија, а потоа на ред дојде и Франција.
– Победував многу и пред да бидам селектор, но верувајте ми, ништо не може да се спореди со сатисфакцијата која ја носи титулата светски шампион. Ништо не може да се спореди со тоа кога титулата ја носите на својата нација. Не може да се спореди ниту една титула во ЛШ или Скудето, не постои таква сатисфакција. На такво натпреварување, потребна ви е и среќа, ние до полуфиналето ги избегнавме големите репрезентации, – вели Липи во интервјуто за „Тутоспорт“, во кое открива и една незаборавна анегдота која се случила пред полуфиналето со Германија.
– Утрото пред полуфиналето со Германија имавме тренинг во близина на Дортмунд и во еден момент забележав блицови од дрвата кои беа во близина. Се сомневав дека има фоторепортери кои не шпионираат и кои се обидуваат да извлечат информации за нашата тактика. Поради тоа, побарав од моите играчи да се свртат со задниците кон дрвата и на моја команда да ги соблечат шорцевите. Тие го направија тоа и сите се прснавме од смеа. Фактот дека не се објави ниту една фотографија од тоа е доказ дека немаше фоторепортери, но како и да е, успеавме да се забавуваме, – открива Липи.
-
Шпанијапред 6 часа
Таткото на Меси: Се надевам Лео ќе се врати во Барселона
-
Англијапред 10 часа
Клоп: Јас сум виновен за промашениот пенал на Мане (ВИДЕО)
-
Германијапред 8 часа
Мајсторија која ќе се врти: Соиграч на Чурлинов постигна гол од половина терен (ВИДЕО)
-
Шпанијапред 11 часа
Симеоне ја потврди разделбата со Суарез
-
Италијапред 9 часа
Мурињо во свој стил: Конференциската лига е поважна од Скудетото
-
Италијапред 7 часа
Наинголан: Го видовте ли Брозовиќ? Јас тоа да го направев…
-
Италијапред 14 часа
Новиот агент на Погба оди во Торино на финални преговори со Јувентус
-
Шпанијапред 5 часа
Спектакуларниот „џокер“ на Анчелоти: Ќе си го скршам зглобот ако го направам тоа што го направи Модриќ