Поврзете се со нас

Франција

Лион за трансферот на Депај во Барселона: Ние имаме стратегија, нема никакви…

Објавено

на

Барселона бара свежа крв во напаѓачката линија, поточно наследник на Луис Суарез кој е на излезни врати од „Камп Ноу“.

Долго време се зборуваше дека Лаутаро Мартинез е избраниот, односно каталонците ќе направат се за да го донесат во своите редови, но Интер во моментов има превисоки барања за него, па според медиумите шпанскиот вицешампион своето внимание го насочува кон Мемфис Депај од Лион.

Депај има уште една година од договорот со францускиот клуб, а и самиот тој признава дека е отворен за трансфер, плус во целата оваа ситуација фактор е и Роналд Куман кој добро ги познава квалитетите на Холанѓанецот со кого соработуваа во националниот тим.

Некои медиуми отидоа и подалеку, па истакаа дека овој трансфер е веќе договорен, поточно дека Депај за брзо може да биде промовиран во новата средина. Меѓутоа ако се суди по последните коментари, твитови на претседателот на Лион, Жан Мишел Ола нема ништо на оваа тема, односно Барса воопшто досега не седнала да преговара со нив.

-Мемфис можеше да си замине во август, сега ќе остане со нас во сезоната 2020/2021. Спротивно од тоа што го читав, нема никакви преговори со Барселона. Не верувам дека Лион ќе биде заинтересиран да го пушти капитенот по една таква сезона во ЛФП.

-Депај побарал да си замине од Лион, неизбежен излез! Колку многу ѓубре и таков дефетистички став … Лион има стратегија и сака да има добра сезона, -напиша Ола во својот втор твит.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни