Поврзете се со нас

Франција

Лион парираше цели 120 минути, Кејлор Навас херој за ПСЖ во пенал рулетот (Видео)

Објавено

на

ПСЖ стигна до нова титула во францускиот Лига куп, или до четвртиот трофеј од почетокот на оваа натпреварувачка сезона на домашната сцена, со што максимално ја потврди доминациајта во фудбалска Франција.

„Светците“ вечерва имаа најтежок испит од сите досегашни, па на крајот успеаја да го скршат отпорот на одличниот Олимпиок Лион дури по пенал рулетот во кој имаше само еден херој.

Лион одлично парираше цели 120 минути, на моменти беше дури и подобар и поконкретен тим, но сепак мрежите мируваа на двете страни и натпреварот беше заокружен со највозбдливо сценарио.

Пенал рулетот ни го донесе новиот победник во францускиот Лига куп, а тоа е ПСЖ кој го победи Лион со 6:5 во пенал серијата.

Сите првоизбрани пет изведувачи на двата тима беа прецизни, по што на сцена стапи Кејлор Навас кој на крајот се здоби со улогата на херој. Чуварот на мрежата го „прочита“ Траоре и му го одбрани ударот, по што Сарабија беше прецизен во својот обид и му донесе славје на ПСЖ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни